Играчката треба да е прилагодена на возраста на детето и да му овозможува учење и истражување. 

Затоа, еве неколку совети за побрз и полесен, а правилен и полезен начин на избор на играчките: 

  1. Купувајте играчки со ознака СЕ. Таа ознака е гаранција дека играчката е произведена во согласност со европските стандарди и норми. 
  2. Придржувајте се до упатствата за играчките, па ако пишува дека не е за деца помали од три години, внимавајте бидејќи тие содржат ситни делови кои се опасност од голтање за малите деца. 
  3. Поскапите играчки не значи дека секогаш се најдобри, но се со продобар квалитет на материјалите, дизајнот, опремата и слично. 
  4. Купувајте играчки според возраста на детето. На пример, за дете од 3 години не купувајте играчки за дете од 6 години. 
  5. Со играчките децата треба да уживаат, а не да се нервираат, па затоа треба да бидат поедноставни, разбирливи, прифатливи и функционални. 
  6. На децата купувајте им играчки со покрупни, но и со поситни делови – за подеднакво и истовремено да ги развиваат грубата и фината моторика. 
  7. Со играчките децата ги развиваат и социјалните, комуникациските и другите вештини. 
  8. На децата треба да им се купуваат разновидни играчки – за да се развиваат во сите правци (пошироко и посеопфатно). 
  9. При купувањето на играчките најпрвин треба да се води грижа и настојува детето индиректно да ги учи буквите, броевите, формите, годишните времиња, боите и слично, значи основните поими, што е дел од нивната едукативна функција и улога. 
  10. Убаво е играчките да бидат наменети за игра која вклучува и повеќе други деца, а не детето постојано да си игра изолирано и само.