Симон Трпчески (18 септември 1979, Скопје) — меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот. Во 2011, Трпчески станува прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија. 

Некои од позначајните награди и признанија кои ги добил Симон Трпчески се: 

- декември 1998 - Прво место на меѓународниот натпревар „Yamaha Music Foundation of Europe“ во Скопје 
- април 2000 - Милениумски Светски натпревар во пијано,,Millenium World Piano Competition London" - Второ место 
- мај 2003 - Young Artist Award од Кралското Филхармониско Друштво (Royal Philharmonic Society) 
- април 2005 - Диск на месецот (Април) - во Музичкиот магазин на БиБиСи (BBC Music Magazine) 
- 23 септември 2011 - Национален уметник на Македонија - прв добитник на оваа почесна титула 
- октомври 2011 — Национален уметник на Република Македонија