Мени
Вашата кошничка

Улавите години

Улавите години
Улавите години

Гледам момчиња, дека сте учеле, но нешто не сте при себе. Расеани сте, мислите ви лутаат, ви бегаат... Знам јас убаво што е тоа - улави години. –Господине, професоре, што се тоа улави години? – Кажувајте ни професоре! –Деца, па вие сте сега во улавите години – добродушно рече старецот. –Тоа се тринаесеттата, четиринаесеттата, петнаесеттата година кога децата ќе се вознемират, стануваат непокорни, своеглави, ги пишуваат првите песни, се бунат, а и момче ќе се загледа во девојче... Вака во романот Улавите години, писателот Бранко Ќопиќ, преку искажувањето на професорот по историја, ги опишува улавите, односно “магарешките“ години и го појаснува самиот наслов на книгата. А во неа, на мошне едноставен начин, преку непосреден исказ, Ќопиќ раскажува за Бихаќ, за борбите во него за време на Народноослободителната борба, а најмногу се задржува на ученичко – детскиот,интернатски живот. Неговиот хумор, лукавоста и смислата да се доловат и најситните детали за алчноста, настаните и појавите –вткаени се и во Улавите години,книга  која се чита и препрочитува, брзо и лесно, а бројните интересни случки долго се паметат и прераскажуваат потоа...

Напиши мислење

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да напишете миселње
  • Залиха: Достапно
  • Код: 7KDRDM
  • Димензии: 0.00 x 14.80 x 20.00
  • Година на издавање: 2014
  • Бр. на страници: 148
  • Јазик: македонски
Прегледи: 1406
160.00 ден.