Миоко Мацутани во оваа уметничка бајка “Таро од земјата на планините”, е како главен мотив го зема детето-јунак, присутно и во одделни наши приказни и епски песни. Детето Таро е надарено со натприродни својства и сили, кои му овозможуваат да стане рамен противник на различни чудовишта. Оваа бајка е сведоштво за благотворната моќ на љубовта и добрината, кои се многу посилни од тие лукави и големи чудовишта. Повеста за Таро прекрасно говори за единството на човекот и природата, кое денес непромислено се нарушува. Испреплетена со повеќе нишки, бајката за Таро е митска (говори за создавањето на земјата), уште повеќе е значајна – зашто опишува како настанува човекот (низ напор, упорност, хуманост), така што прераснува во мал роман за деца, подеднакво привлечен и за возрасните читатели. Тоа се потврдува и со доделувањето на Андерсеновата награда, како највисока награда за детска литература, што ја доби Миоко Мацутани, токму за оваа книга.
- Залиха: Достапно
- Код: 68M5K8
- Димензии: 0.00 x 14.00 x 20.00
- Година на издавање: 2017
- Бр. на страници: 95
- Јазик: македонски