Мени
Вашата кошничка

Страдањата на младиот Вертер

Страдањата на младиот Вертер
Страдањата на младиот Вертер

Јохан Волфганг Гете е роден во имотно и образовано граѓанско семејство, во 1749 година, во време на полниот историски замав на граѓанската класа. Во ноември 1774 година го издава романот “Страдањата на младиот Вертер”. Овој негов прв младешки роман претставува романтичен дневник, чија инспирација е пренесена од самиот живот на младиот Гете. Овој роман се вбројува во еден од најзначајните љубовни романи во светската литература затоа што Гете во оваа љубовна трагедија успева да го долови животот на своето време и сите негови конфликти. Односно, младиот Гете органски да ги внесе во тој љубовен конфликт сите големи проблеми на борбата за развој на личноста. Други негови дела се : “Патување низ Италија”, “Ифигенија на Таурида”, “Торвато Тасо”, “Ослободувањето на Ерусалим”, “Годините на учење на Вилхем Мајстер”, “Годините на патување на Вилхелм Мајстер”, “Херман и Доротеа” и “Фауст”. Гете умира во 1822 година во Вајмар, на 83 годишна возраст оставајќи зад себе обемно и значајно литературно дело, со кое германската литература се најде меѓу најзначајните во рамките на историјата на светската литература.

Напиши мислење

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да напишете миселње
  • Залиха: Достапно
  • Код: 9NL8TS
  • Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2007
  • Бр. на страници: 133
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-317-0
Прегледи: 1422
320.00 ден.