Никола Хајтов припаѓа на редот на најзначајните бугарски писатели. Неговите најпознати прозни збирки се: Диви раскази, Соперници, Искри од огништето, Шумски приказни и Грабово лисје. Неговите раскази, главно се занимаваат со: шумата,планината и природата. Авторот располага со вонредно чувство за обичаите и традицијата, раскажува кусо и прецизно, а преку неговите раскази провејува, човечкото, животно и професионално искуство, со сета народска чистота, топлина, искреност и простодушност. Хајтов пишува едноставно, привлечно, со хумор и иронија, а шегата понекогаш преминува во сатира и реалистичното понекогаш збунува со својата “нестварност”. Вешто одбраните,само навидум обични, а всушност несекојдневни теми и мотиви, Хајтов ги расветлува “полека од почеток”, не напуштајќи го ни за миг руралниот амбиент, навраќајки се постојано на него и потсетувајќи дека “секој има свои желби и своја цел” и дека “судбината не е надвор од човекот, туку внатре, во него”.
- Залиха: Достапно
- Код: 56JEZJ
- Димензии: 0.00 x 14.00 x 20.00
- Година на издавање: 2007
- Бр. на страници: 159
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-304-0