Книгата за деца „Пипи Долгиот Чорап“ е дело на шведската авторка Астрид Линдгрен (1907-2002). Со пишување започнала да се занимава сосема случајно, кога нејзината малечка ќерка Карин, додека лежела болна, ѝ побарала да ѝ раскажува приказни за Пипи Долгиот Чорап, девојче чие име во тој момент го измислила ќерка ѝ.„Бидејќи името ми беше необично, и Пипи во моите приказни стана необично девојче, поинакво од сите други што ги познавам“, вели авторката, додавајќи и дека „ќерка ми и другите деца што ги слушаа моите приказни ја засакаа Пипи и ме поттикнуваа сè повеќе да им раскажувам, така еден ден седнав да ги запишувам приказните...“Книгата “Пипи Долгиот Чорап“ е преведена на многу светски јазици. Првата книга на Астрид Линдгрен е со наслов „Брит-Мари се наоѓа себеси“, а нејзино најпопуларно дело по „Пипи Долгиот Чорап“ е „Карлсон лета“. Астрид Линдгрен е автор и на книгата „Роња, ќерка на разбојникот“, како и на педесетина други книги за деца. Добитничка е на многу награди за книжевност, меѓу кои и Наградата на Ханс Кристијан Андерсен во 1958 година, која е најпрестижната награда за книжевност за деца и млади.
- Залиха: Достапно
- Код: 5KXT3K
- Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2001
- Бр. на страници: 175
- Јазик: македонски