Малиот принц од Антоан де Сент-Егзипери е книга за тесноградоста и преголемата практичност на возрасните лица, кои често се судираат со детските гледања на светот и кои немилосрдно го стеснуваат и осиромашуваат, се додека од децата не направат попустливи возрасни личности. Во оваа книга има бројни идеи за осаменоста, љубовта и слободата,за човековата потреба во себеси и околу себеси да воспостави живот кој нема да биде ограничуван и спречуван со крутите правила и во кој секој, почнувајќи од розата па до змијата, ќе го разубавува и ќе зазема некое значајно место. Во душата човекот мора да биде вистински млад за да го сака Малиот принц, каде приказните се со многу чувства и итрини. Малиот принц е книга за осаменоста, за постојаните враќања и разделби. Авторот Антоан де Сент-Егзипери бил пилот. Умеел да лета на крилата на авионот, но и на крилата на фантазијата...
- Залиха: Достапно
- Код: 6CLXN9
- Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2015
- Бр. на страници: 77
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-447-4