Мени
Вашата кошничка

Македонски поетски бисери

Македонски поетски бисери
Македонски поетски бисери

Изборот Македонски поетски бисери опфаќа осум бардови на македонската литература и тоа: Блаже Конески, Кочо Рацин, Константин Миладинов, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Анте Поповски, Јован Котески и Петре М. Андреевски. Сите тие се застапени со по три песни и тоа: Конески со “Ракувања”, “Тешкото” и “Везилка”, Рацин со “Тутуноберачите”, “ Денови” и “Печал”, Миладинов со “Т’га за југ”, “ Шупелка” и “Бисера”, Шопов со “Очи, “Ветрот носи убаво време” и “Трета молитва на моето тело”, Јаневски со “Азбукарска балада”, “ Мртвите од сите војни” и “Горчиновци”, Поповски со “Обичен живот”, “Фреска” и “Зелени порти” и Андреевски со “Песна за мојата песна”, “Песна за нејзината песна” и “На гробот од Дениција”. Во сите овие поетски напеви, односно во сите овие поетски бисери, од поемата Ракувања до песните за Дениција, доминира родољубието и љубовта, патриотските емоции и чувства, татковинското и роднокрајното, историјата и традициите, навраќањето кон минатото, совремието и визиите за иднината. Оваа поетска низа создадена како гердан од врвни мајстори на поетската реч има за цел да потсети на самите автори, на нивните пораки, на зборот кој е вечен и траен, како аманет кој никогаш не треба да исчезне и да се заборави. Напротив, колку повеќе се навраќаме на овие и на другите македонски поетски бисери, тие стануваат уште поживи и подлабоко вкоренети во нас. Македонските поетски бисери се ракатка стихови за претходните, денешните и идните генерации, кои секогаш одново и одново ќе ги препрочитуваат, учат наизуст и пренесуваат…

Напиши мислење

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да напишете миселње
  • Залиха: Достапно
  • Код: 8TUDNS
  • Димензии: 0.00cm x 14.80cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2012
  • Бр. на страници: 53
  • Јазик: македонски
Прегледи: 1251
180.00 ден.