Мени
Вашата кошничка

Македонска крвава свадба

Македонска крвава свадба
Македонска крвава свадба

Трагедијата Македонска крвава свадба  е најзначајно и најпопуларно дело на Војдан Чернодрински. Македонска крвава свадба е впечатлив фрагмент од мозаикот сочинет од страдањата на македонскиот народ, од солзите на обесчестените жени и девојки, од револтот на обесправените и ограбените.
Од уметнички аспект Македонска крвава свадба недвосмислено ја потврди творечката зрелост на Чернодрински кој ова свое дело и го извел со сопствената театарска група Скрб и утеха.
Војдан Чернодрински (1875-1951) е основоположник на македонската драма и театар, револуционер и визионер, кој целото свое творештво, целиот свој живот ѝ ги посвети на поробената татковина.
Овој истакнат драматург прв успеа да ја конституира и афирмира нашата драма како самостоен литературен род. Неговиот творечки опус има многустрано значење и е најтесно поврзан со неговата долгогодишната културно – уметничка и револуционерна дејност.
Најпознати драмски текстови на Чернодрински се
: Македонска крвава свадба, Македонска емиграција, Духот на слободата, Бурите крај Вардар, Од главата си патиме, Робот и агата, Зло за зло и други.

Напиши мислење

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да напишете миселње
  • Залиха: Достапно
  • Код: CGWT5T
  • Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2009
  • Бр. на страници: 87
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-512-9
Прегледи: 1334
210.00 ден.