Мени
Вашата кошничка

Злосторство и казна

Злосторство и казна
Злосторство и казна

Злосторство и казна е прв меѓу големите романи кои на Фјодор Михајлович Достоевски му донесоа светска слава. Најпознат е и најпопуларен најверојатно поради вешто разработената криминалистичка интрига (убиството на лихварката и патот кој убиецот го води до признанието), вкомпонирана во идеолошко сиже. Во главниот јунак Раскољников психолошки се прекршени основните мотиви на епохата: социјалните и ничеовските идеи и месијанскиот мистицизам. Со извонредно окарактеризирани ликови и амбиент, романот ги содржи сите комплексности на делото на Достоевски, кое дозволува крајно спротивни толкувања: социјално и христијанско, колку и согледување на писателовото духовно искуство или користење на едноставната мелодрамска приказна. Романот Злосторство и казна од рускиот писател Достоевски (1821-1881) е едно од најголемите дела на руската книжевност. Достоевски е еден од најголемите писатели на сите времиња. Завршил воено училиште. Во дваесет и осмата година од животот поради учество во револуционерна организација е осуден на смрт. По помилувањето поминал четири години на присилна работа во Сибир. Тој е еден од највлијателните руски писатели, кои според широчината и значењето на делото, посебно во модернизмот, е светски писател од рангот на Шекспир и Сервантес. Реализмот на Достоевски претставува своевиден премин кон модернизмот, зашто неговото творештво во епохата на модернизмот станува еден вид пример за пишување. Тој е претходник на модернизмот и егзистенцијализмот, втемелувач на психолошкиот роман. Негови најпознати дела се: Злосторство и казна (1866), Браќа Карамазови (1879-1880), Записи од мртвиот дом (1861), Коцкар (1866), Идиот (1868), Записи од подземјето (1864), Кротка (1876) и други.

Напиши мислење

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да напишете миселње
  • Залиха: Достапно
  • Код: C484QY
  • Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2009
  • Бр. на страници: 479
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-483-2
Прегледи: 1250
490.00 ден.