Романот Странецот од францускиот писател Албер Ками е едно од највлијателните дела на современата проза. Во овој краток, модерен роман, на згуснат и привидно едноставен начин е раскажана приказната за човекот кому му умира мајката, кој потоа на несакање станува убиец и кој поради тоа убиство е осуден на смрт. Убиството е производ на несреќни околности. Тој е осуден на смрт, а толку многу го сакал животот. Нема друг излез, се е бесмислено и апсурдно. Поимот на апсурдот, т.е. бесмисленоста на животот и светот се поврзувал и со егзистенцијалистичката клима на повоена Франција, па и Странецот често се поврзува со егзистенцијалистичката литература. Авторот со ова дело успеал многу генерации да се поистоветат со рамнодушноста на протагонистот кон луѓето и институциите, со неговото чувство дека го окружува потполна лага. Во мајсторската романескна транспозиција е она чувствување на светот кое може да се нарече ничеански виталистички занес, близок и до младиот Ками. Со ова дело блескаво е обликувано едно младешко искушение со одреден благотворен нихилизам. Странецот е раскажан во прво лице еднина, но Мерсовото јас како да е преобразено во трето лице еднина. Странецот зборува за себе како да станува збор за некој друг.
- Залиха: Достапно
- Код: CNU3Q3
- Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2009
- Бр. на страници: 71
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-514-3