Николај Василјевич Гогољ (1809-1852) својата приказна Шинел ја објавил 1841 година, и за неа Достоевски се изразил вака: Сите ние сме излегле од под Гогољевиот Шинел”, мислејќи на огромното влијание на таа новела на целокупниот руски книжевен живот. Реалноста е толку многу присутна во Шинел, но и чистата реалистична приказна Гогољ ќе ја зачини со неверојатната, неочекувана појава на духот, и ќе го остави до крај читателот во недоумица дали е во прашање фантастика или хумор. Гогољ е комплексна уметничка личност, творец на чудни ликови и чудни настани. Таков е и расказот Нос, жива, чиста гогољевска игра на фантазијата, каде авторот и фрла предизвик на логиката во име на апсурдот. Дневникот на еден лудак е заснован на градација на едно лудило, психолошки длабоко и оправдано.
- Залиха: Достапно
- Код: CDHRJP
- Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2009
- Бр. на страници: 93
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-504-4