Американскиот писател Џек Лондон (1876-1916) има напишан повеќе романи за природата и за животните, но Повикот на дивината, несомнено, е едно од неговите највозбудливи и најубави дела. Тоа е приказна во која ја отелотворува и величи животната сила, борбата на човекот и животните со суровата природа во која владее примитивниот закон на издржливоста и во која победуваат само снаодливите и храбрите. Главен јунак е кучето Бак. Неговата борба за опстанок претставува пример какп живото суштество се бори против силите што го загрозуваат. Но, во овој роман се зборува и за љубовта, другарството, чувството на должност и почитта кон правдата и чесноста. Други позначајни дела на Џек Лондон се: Мартин Идн, Месечевата долина, Железната пета, Белиот песјак итн. Американскиот писател Џек Лондон (1876-1916) има напишан повеќе романи за природата и за животните, но Повикот на дивината, несомнено, е едно од неговите највозбудливи и најубави дела. Тоа е приказна во која ја отелотворува и величи животната сила, борбата на човекот и животните со суровата природа во која владее примитивниот закон на издржливоста и во која победуваат само снаодливите и храбрите. Главен јунак е кучето Бак. Неговата борба за опстанок претставува пример какп живото суштество се бори против силите што го загрозуваат. Но, во овој роман се зборува и за љубовта, другарството, чувството на должност и почитта кон правдата и чесноста. Други позначајни дела на Џек Лондон се: Мартин Идн, Месечевата долина, Железната пета, Белиот песјак итн.
- Залиха: Достапно
- Код: 8KJW8D
- Димензии: 0.00 x 14.80 x 20.00
- Година на издавање: 2014
- Бр. на страници: 105
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-055-7