Пинокио
- Залиха: Достапно
- Код: 5M9K3L
- Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2012
- Бр. на страници: 131
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-610-2
Прегледи: 1298
230.00 ден.
Вашата кошничка е празна!
Карло Колоди (1826-1890) е италијански писател, чие вистинско презиме е Лоренцини. Колоди е, всушност, родното место на неговата мајка. Определбата да пишува за деца ја објаснил со ставот дека „возрасните тешко се задоволуваат“. Прво негово дело е расказот „Џанетино“, а светска слава стекнува со „Пинокио“, што почнал да го објавува во продолженија во 1881 година. Две години подоцна „Пинокио“ се појавува во форма на книга. „Пинокио“ е прекрасна книга, со многу хумана идеја, бројни пресврти и изненадувања и истовремено мешање на фантастиката и реалноста. Колоди е мајстор на постапното, јасно и концизно раскажување. Неговата приказна лесно и брзо се чита, но потоа долго се памети.