Мени
Вашата кошничка

Итар Пејо

Итар Пејо
Итар Пејо

Кој не го познава мариовскиот итроманец Итар Пејо и кој не се изнасмеал слатко на неговите итроштини? Нема таков, нели? А и да има, еве убава можност да го запознаете и да ги прочитате приказните кои ги овековечил Марко Цепенков. Кој бил Пејо? Тој бил обичен селанец од селото Градешница, мариовско. Бил многу мудар, голем шегаџија и мајтапџија. Неговите итроштини биле познати во цела прилепска околија. Многумина, познавајќи ги итроштините на Пејо, се обидувале на разни начини да го надмудрат и да бидат поумни од него. Но, Пејо секогаш изнаоѓал начин да ги надитри сите нив. Со својата остроумност, Пејо уживал углед меѓу своите соселани и секогаш кога ќе се соочеле со некоја потешкотија тие се обраќале за совет кај него – верувајќи дека тој ќе им помогне или барем ќе ги подучи како да постапат. Имајќи ја предвид нивната наивност и простодушност, Пејо често им помагал, но знаел и да се пошегува со нив. Итар Пејо претставува симбол на мудроста на македонскиот народ. Сите народни итрини, мудрости, досетки... се искажани преку овој редок и впечатлив народен лик – претставен и во приказните на Марко Цепенков.

Напиши мислење

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да напишете миселње
  • Залиха: Достапно
  • Код: 6E34Y2
  • Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2013
  • Бр. на страници: 55
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-499-3
Прегледи: 1479
150.00 ден.