Хомеровите епови станаа нераздвоен дел од светската култура и нејзините темели, инспирација за создавање на многу познати уметнички дела, како и основа на образованието. Без Хомер светската култура би изгледала сосем поинаку, а поединецот кој не го познава Хомеровото дело во голема мера би бил надвор од разбирањето на својата ситуација и светот околу себе. Оваа книга е еден чекор поблиску за читателите да се подготват за запознавање на ненадминатиот антички гениј Хомер и неговата безвременска уметност во Илијада и Одисеја. Тројанскиот принц Парис, син на кралот Пријам, ја грабнува убавата Елена сопруга на спартанскиот крал Менелај. Овој чин ги разгневува Грците кои собираат војска под водство на микенскиот крал Агамемнон, братот на Менелај. Троја ќе биде нападната со обид да се врати Елена, да се разурне градот и опљачка населението. Десет години ахајската војска ја опседнува Троја без успех, за на крајот лукавиот Одисеј да ги измами Тројанците...
- Залиха: Достапно
- Код: 9DWJDA
- Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2013
- Бр. на страници: 159
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-200-2 (10