Хаклбери Фин
Романот Хаклбери Фин на американскиот писател Марк Твен е напишан како своевидно продолжение на книгата Том Соер. Оваа повест за момчето Хак Фин изобилува со интересни детали за местата и луѓето на југот на Америка, и уште повеќе, за убавината, што ја дава возбудливиот живот и пловидбата по големите реки. Самиот писател е човек со големо искуство, мошне блиско до искуството на неговите мали јунаци. Тој еден дел од животот бил копач на злато, што значи дека вкусот на авантурите не му бил непознат. Како вљубеник во слободата на живеењето, во вечно раздвижените речни текови, Марк Твен го креира ликот на Хак Фин како пофалба на индивидуалноста, на духовната нескротеност, на љубопитноста и, пред се, животната ведрина…
- Залиха: Достапно
- Код: 7MVDKF
- Димензии: 0.00cm x 14.80cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2011
- Бр. на страници: 286
- Јазик: македонски
- ISBN: 9989-33-167-7
Прегледи: 906
250.00 ден.