Мени
Вашата кошничка

Басни

Басни
Басни

Познатиот руски баснописец Иван Андреевич Крилов почнал да пишува во својата шеснаесетта година. Тој бил најуспешен како сатиричар, а во басните го наоѓа својот вистински израз и стекнува голема популарност и бесмртна слава ширум светот. Крилов е роден во Москва во 1769 година. Првите четири децении од неговиот живот минуваат во талкање и сиромаштија, се до 1808 година кога во Петроград станува службеник во Публичната библиотека, каде ги напишал сите 800 басни, кои ги наменил на руските деца. И. А. Крилов со извонредна остроумност, на оригинален начин ги разобличува не само многуте општочовечки недостатоци, туку и пороците на старото руско општество. Извесен број басни пак, ги напишал во одбрана или како осуда за значајните личности на неговото време. Во своите басни Крилов внесува богато животно искуство и прекрасна дарба на забележување. Убавината на неговите басни е во јазикот кој изобилува со деминутиви, архаизми, елипси и е близок до разговорниот народен дух. Во басните на Крилов има и родољубиви чувства. Секоја басна е мало уметничко дело, со пресврти, живописни и релјефни слики кои кај читателот предизвикуваат посебно внимание. Басните на Крилов секогаш во себе ја содржат поуката, која е дадена на почетокот или на крајот. За жал, многу од неговите басни додека тој бил жив, не можеле да бидат објавени поради забраната на цензурата. Крилов починал на 21 ноември 1844 година.

Напиши мислење

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да напишете миселње
  • Залиха: Достапно
  • Код: 9ZTUVR
  • Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2003
  • Бр. на страници: 42
  • Јазик: македонски
Прегледи: 1206
180.00 ден.