Мени
Вашата кошничка

Хајди

Хајди
Хајди

Швајцарската писателка Јохана Шпири (1827-1901) е еден од многубројните примери во светската литература кога по многу напишани и објавени дела за возрасните, со драгоцено писателско искуство, им се посветува на децата. Нејзините книги: Раскази за деца и Расказите што ги сакаат децата и потврдиле дека не згрешила што им се посветила како автор токму на нив. Тоа уште повеќе ќе го потврди нејзиниот роман Хајди кој ќе и донесе светска слава. Со Хајди, Јохана Шпири создала дело со трајни уметнички вредности, кое во сите години подоцна со љубов било читано и препрочитувано на различните страни од светот. Девојчето Хајди е симбол на љубов , добрина, почит,  потреба за другарување и соработка меѓу луѓето. Тоа е оној извор од кој дотекува вербата во човекот и животот.

Напиши мислење

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да напишете миселње
  • Залиха: Достапно
  • Код: 6YUGCZ
  • Димензии: 0.00cm x 14.80cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2017
  • Бр. на страници: 257
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-233-9
Прегледи: 1007
200.00 ден.