Мени
Вашата кошничка

Гуливеровите патувања

Гуливеровите патувања
Гуливеровите патувања

Џонатан Свифт е роден во Даблин (Ирска) во 1667 година. Уште за време на животот стекнал извонредна популарност кај ирскиот народ и останал до денес во неговите спомени како борец за национални права. Свифт умрел во 1745 година. Во 1726 година Свифт го објавил, без потпис, своето најголемо хумористично – сатирично дело Гуливеровите патувања. Ова дело е возбудлив патописно – авантуристички роман со фантастични и хумористични нишки, односно тоа е алегорична датира на политичките појави и личности на Англија во XVIII век. Всушност, тоа е ироничен приказн на човечката судбина воопшто, согледана во две контрастни споредувања. Оваа книга се чита лесно и со задоволство; во неа секој наоѓа нешто за себе: едни добра забава, а други – богата мисла и хумано чувство. Гуливер е претставник на секој обичен човек и преку него може да се согледа колку е човекот и голем и мал во разните свои манифестации. Свифт повеќе го истакнува тоа што е ситно, глупо, бедно или зло во човекот и општеството, отколку тоа што е убаво и пофално. Гуливер, јунакот на делото, во своето менување на средините и самиот не останува непроменет. Хуморот на Свифт е човекољубив, а неговиот стил и денес се смета за пример на англиската проза. Раскажувањето е совршено јасно и едноставно, при што ирационалните елементи на хуморот, иронијата и силните чувства дијалектички се усогласени со рационалната намера изразена во раскажувачкиот план. 

Напиши мислење

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да напишете миселње
  • Залиха: Достапно
  • Код: 9PZG2J
  • Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2010
  • Бр. на страници: 137
  • Јазик: македонски
Прегледи: 1199
250.00 ден.