Дон Кихот е првиот модерен роман кој модерната книжевна критика го смета за посебно дело во европската книжевност. Во него се нижат сликите на неодоливата комичност, а кога подобро ќе се загледаме во секоја од нив – се отсликува многу смислен, притаен и најчесто тажен симбол. Дон Кихот е книга со многу лица , со многу слоеви на значење, роман проткаен со сентименталност. Она што по првото предавање на пародијата и смеата му се случува на читателот е тоа што тој читајќи понатаму се поинтимно сочуствува со лудилото кое изгледа почисто од реалноста во која живеат другите. Структурата е длабоко, суштински поврзан со својот јунак, кој има две лица: првото е националното (условено со специфичната општествено – политичка и економска ситуација, во која се наоѓала Шпанија кон крајот на XVI- от и почетокот на XVII век), а второто е универзалното, кое овој книжевен лик го прави неминлив симбол на човечкиот копнеж за подобар, поубав и поскладен свет...
- Залиха: Достапно
- Код: AZYTMU
- Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
- Година на издавање: 2007
- Бр. на страници: 181
- Јазик: македонски
- ISBN: 978-9989-33-262-3