Мени
Вашата кошничка

Басни (избор)

Басни (избор)
Басни (избор)

Книгата „Басни“ претставува мал избор од басни кои од прастари времиња се создавале и како четива и како поуки за луѓето. Басните се мали епски творби, кои можат да бидат напишани и во проза и во стихови и нивни јунаци се животните, најчесто тие, а поретко растенијата и предметите. Сега потсетете се дали некогаш од некој постар од вас не сте слушнале за некого да каже дека е итар како лисица, тврдоглав како магаре, силен како лав и да не редиме натаму. Ете, така е и во басната. Преку главниот јунак - животното, писателот точно зборува за него, но исто така, точно тој притоа мисли на човекот. Тоа ќе рече дека животните ги олицетворуваат навиките, особините и недостатоците на човекот. А, сето тоа раскажувачот го прави едноставно и мудро, весело и духовито, и најчесто за тоа го користи како форма на исказ - дијалогот. Изборот на овие мошне убави, интересни и корисни четива ги содржи најпознатите светски баснописци, како што се: Езоп, Жан де Ла Фонтен, Иван Андреевич Крилов и Доситеј Обрадовиќ. Не помалку убави и возбудливи се и басните на македонските автори застапени во изборот: Бошко Смаќоски, Ристо Давчевски, Михо Атанасовски и Киро Донев.

Напиши мислење

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да напишете миселње
  • Залиха: Достапно
  • Код: 5PSYXE
  • Димензии: 0.00cm x 14.00cm x 20.00cm
  • Година на издавање: 2007
  • Бр. на страници: 42
  • Јазик: македонски
  • ISBN: 978-9989-33-302-6
Прегледи: 1457
150.00 ден.